Свет Џихадистите ја нападнаа египетската војска – 32 загинати

Џихадистите ја нападнаа египетската војска – 32 загинати

Најмалку 32 лица загинаа, од кои 15 војници и двајца цивили во петте симултани напади на војската на северот на египетскиот полуостров Синај, каде војската се бори со локалниот разгранок на Исламска држава, соопшти египетската полиција.

„Терористите со автоматско оружје и со ракети нападнале пет контролни пунктови што го држи војската – соопштија локални претставници на полицијата. Властите го користат терминот „терористи“ за џихадистичките бунтовници.

Нападите се случиле јужно од Шеик Зувајам, околу 15 километри источно од Ал-Ариша, седиштето на покраината Северен Синај.

Египетските медиуми јавуваат дека во размената на оган, убиени се и 15 напаѓачи.