Свет Свет Деца загинаа во автобуска несреќа во Египет

Деца загинаа во автобуска несреќа во Египет

Најмалку 16 лица загинаа, од кои повеќето деца, а 18 се повредени, откако школски автобус се судри со три возила на пустинскиот пат во делтата на Нил, 160 километри северно од Каиро.

Фотографиите што ги објави една приватна новинска куќа, сугерираат дека жртвите изгореле.

Претставник на египетското министерство за здравство, соопшти дека повредените се хоспитализирани во најблиската болница.

Денешната несреќа се случува неколку недели откако 30 лица загинаа во автобуска несреќа на југот на Египет.

Повеќе од стотина Египќани годишно гинат во сообраќајни несреќи поради лошите патишта и невнимателното возење.