Свет Десет загинати во тешка сообраќајна несреќа во Колумбија

Десет загинати во тешка сообраќајна несреќа во Колумбија

Десет лица загинаа, а 14 се повредени откако на еден камион му откажале сопирачките, по што удрил во најмалку четири возила на еден колумбиски автопат, соопштија локалните власти.

Колумбиската полиција соопштува дека несреќата се случила ноќеска, по локално време, на автопатот кој го поврзува главниот град Богота со градот Вилјависенсио.

Властите наведуваат дека меѓу загинатите се возачот и совозачот на камионот, најмалку еден малолетник и полицаец. Половина од повредените се во тешка состојба.

Поради несреќата, автопатот е затворен и сè уште не е отворен.