Македонија Денеска во 14 часот, протест на Бит-пазар, во 18 пред СЈО

Денеска во 14 часот, протест на Бит-пазар, во 18 пред СЈО

Денеска во 14 часот, на булеварот Крсте Петков-Мисирков, на Бит-пазар, ќе протестираат Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на ОНА, Движењето за реформи – ДПА и НДП.

Како што се вели во повикот за протест, организаторите ќе бараат владеење на правото, департизацијата на институциите и целосна еднаквост на Албанците и na Македонците.

Протест ќе има и во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но и во Битола, Охрид, Прилеп и во други градови.

Овие протести се организирани од граѓанското движење „Протестирам“, кое бара повлекување на одлуката за аболиција на политичарите и оставка од претседателот Иванов.