Македонија Денеска сончево и топло време со температурa до 33 Целзиусови степени

Денеска сончево и топло време со температурa до 33 Целзиусови степени

Претежно сончево и топло време, на повеќе места со натпросечна дневна температура, ќе има во Македонија денеска.

Утринската температура се движеше од 9 до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 25 и 33 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево и топло. Утринската температура се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Утре во текот на ноќта и претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер.
Од задутре времето ќе биде стабилно и малку посвежо.