Македонија Денеска сончево и многу топло, попладне пороен дожд и грмежи

Денеска сончево и многу топло, попладне пороен дожд и грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, на места со услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови од земјата.

Утринската температура се движи од 15 до 23 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, претежно од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 39 Целзиусови степени.

Утре, според синоптичарите, ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне со слаб локален дожд. Максималната температура на места ќе опадне и за повеќе од 10 степени и ќе се движи во интервал од 22 до 29 Целзиусови степени.