Македонија Денеска се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19 и девет оздравени лица

Денеска се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19 и девет оздравени лица

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 5.759 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19: Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово – по 1

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1 и не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Најмногу активни случаи на ковид-19 во моментов има во Скопје (183), Тетово (149) и Куманово (71).