Македонија Денеска се регистрирани 4 нови случаи на ковид-19, оздравени се 6 пациенти,...

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на ковид-19, оздравени се 6 пациенти, нема починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.760 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на ковид-19: Скопје и Тетово – по 2.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Велес и Кичево – по 2, Битола и Свети Николе – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 151.

Во моментов нема регистрирани активни случаи на ковид-19 во: Струга, Кочани, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.