Македонија Денеска се регистрирани 326 нови случаи на ковид, 100-годишно лице меѓу починатите

Денеска се регистрирани 326 нови случаи на ковид, 100-годишно лице меѓу починатите

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на ковид-19, при што најголем број на нови случаи има во Скопје – 145, Прилеп – 22 и Битола – 21.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (77г, 83г и 100г), 2 починати лица од Прилеп (68г и 69г) и по едно починато лице од Велес (71г), Виница (57г) и Кратово (53г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година на возраст од 50 до 80 години.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 242 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 5.498.