Македонија Денеска се регистрирани 2 нови случаја на ковид-19, нема починати лица

Денеска се регистрирани 2 нови случаја на ковид-19, нема починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаја на ковид-19 од Скопје.

Во изминатово деноноќие не се регистрирани оздравени пациенти, а нема ниту починати лица од оваа болест.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 223.

Притоа, најголем број од активните случаи се од Скопје – вкупно 89, додека во Струга, Гевгелија, Кочани, Неготино, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран нема ниту еден заболен од ковид-19.