Македонија Денеска се регистрирани 16 нови случаи на ковид-19, оздравеа 4 пациенти, нема...

Денеска се регистрирани 16 нови случаи на ковид-19, оздравеа 4 пациенти, нема починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.873 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19: Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1.

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.

Во изминатово деноноќие не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува на ковид-19 е 142. Најголем број од активните случаи – вкупно 55 се регистрирани во Скопје.

Истовремено, во моментов нема ниту еден активен случај на ковид-19 во: Штип, Кочани, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.