Главна секција Денеска прва седница на Владата по оставките на Јанкулоска, Јанакиески и на...

Денеска прва седница на Владата по оставките на Јанкулоска, Јанакиески и на Мијалков

Денеска ќе се одржи седница на Владата, прва по седницата пред десет дена (12 мај, вторник), кога беа верификувани оставките на министрите за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Информацијата за „Мета“ ја потврди портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Според наши информации, на денешната седница можно е да бидат именувани и новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Бирото за јавна безбедност, кои по оставката на Мијалков и по именувањето на досегашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, за министер за внатрешни работи, останаа празни.

Сепак, дали тоа ќе се случи е неизвесно бидејќи нема законски рок до кога треба да се пополнат овие високи позиции во МВР.

Владините седници обично се одржуваат секој вторник, но оваа недела таа е поместена поради средбата на премиерот Никола Груевски, со опозициониот лидер, Зоран Заев, во Стразбур.