Македонија Денеска осум починати лица од ковид-19, вклучувајќи и 29-годишно лице од Кавадарци

Денеска осум починати лица од ковид-19, вклучувајќи и 29-годишно лице од Кавадарци

Фото: CDC on Unsplash

Министерството за здравство информира дека 29-годишно лице од Кавадарци се наоѓа меѓу осумте лица што починаа од ковид-19 во земјава. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани 3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г) и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г).

Воедно, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица починати во период од 14-19.12.2021 година на возраст од 42 до 85 години. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1).

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 165, Прилеп – 26 и Охрид –18.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 214 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.273.