Македонија Денеска нов рекорд од 386 случаи на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани...

Денеска нов рекорд од 386 случаи на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани надмина 20.000

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-178, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-20, Тетово-13, Струга-9, Велес-5, Битола-13, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-4, Гевгелија-18, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-10, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-7, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-4 и Неготино-2.

Институтот за јавно здравје евидентира 154 оздравени пациенти, од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3 и Кичево-5.

Во болнички услови починати се 6 лица, два пациента од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.163, на оздравени пациенти е 16.009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.373, а досега се направени вкупно 203.779 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти, вкупно се хоспитализирани 84, на кислородна поддршка се 49, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, и 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти. Во болницата во Битола се примени 21, а во Штип 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Од скопските општини, заклучно со денешниот ден, најмногу активни случаи на ковид-19 се евидентирани Центар (265), во Аеродром (257) и во Карпош (242).