Македонија Денеска ќе се одржи јавна дебата за чист воздух во МКЦ

Денеска ќе се одржи јавна дебата за чист воздух во МКЦ

Одбележувањето на Светската недела на вселената ќе биде финализирано со јавна дебата за загадувањето на воздухот денеска во „МКЦ – Џебно кино“ во 10 часот.

Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата „НАСА дејтанаутс“ (NASA Datanauts), со чија помош оваа дебата ќе биде промовирана на глобално ниво. Целта е да се посочи како македонските граѓани се здружуваат и ја користат технологијата за решавање на еден ваков сериозен проблем.

Од организацијата велат дека дебатата ќе се фокусира на иницијатива за поголема соработка помеѓу државните институции, невладините организации и бизнис-секторот за креирање долгорочни мерки за справување со загадувањето на воздухот.

На дебатата првпат во јавноста ќе се прикажат споредбени податоци од апликацијата „Мој воздух“ за бројот на деновите од јануари 2015 до септември 2017 година во кои дозволената граница на ПМ10-честичките е надмината.