Македонија Денеска 770 нови случаи на ковид, почина 23-годишно момче од Свети Николе

Денеска 770 нови случаи на ковид, почина 23-годишно момче од Свети Николе

Фото: Luiz Paulo R Santos on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.043 тестови, а регистрирани се нови 770 случаи на ковид-19. Вкупно 37,6 отсто од тестираните лица се позитивни.  Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 207 реинфекции на ковид-19. Регистрирани сe 363 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови“, информираат во Министерството за здравство.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Радовиш (73г) и Крива Паланка (66г). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 20 до 28 јуни.

Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 3.121.