Македонија Денеска 631 новозаболено лице од ковид-19, пријавени се 10 починати лица

Денеска 631 новозаболено лице од ковид-19, пријавени се 10 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj на ковид-19. Најголем број од случаите се регистрирани во Скопје – 337, Велес – 45 и Битола – 32. Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (631), регистрирани се 102 реинфекции.

Во текот на изминатово деноноќие, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. и се пријавени во периодот од 15.02. до 21.02.2022 година. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 910 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.712, бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968 а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 5.162.