Македонија Денеска 557 нови случаи на ковид-19, пријавени се 28 починати лица

Денеска 557 нови случаи на ковид-19, пријавени се 28 починати лица

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.885 тестирања, а регистрирани се 557 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 268, Куманово – 39, Велес – 29, Кавадарци, Кичево и Струмица – по 19, Тетово и Штип – по 17, Прилеп – 16, Радовиш – 15, Кочани – 12, Битола и Охрид – по 10, Кратово – 8, Свети Николе – 7, Гевгелија, Гостивар и Ресен – по 6, Валандово и Неготино – по 5, Делчево, Крива Паланка и Струга – по 4, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод – 2, Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово  – по 1.

Во изминатово деноноќие пријавени се 28 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 78г, 78г, 77г, 76г, 75г, 74г, 72г, 72г, 65г и 58г), по 3 починати лица од Струмица (85г, 78г и 74г) и Тетово (77г, 69г и 69г), по 2 починати лица од Гостивар (78г и 63г) и Куманово (68г и 45г), по едно починато лице од Битола (74г), Кичево (78г), Валандово (83г), Кавадарци (74г), Гевгелија (87г), Охрид (59г) и Струга (62г). Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од: Скопје – 281, Куманово – 39, Битола – 33, Тетово – 27, Струмица – 24, Кавадарци и Кичево – по 21, Гостивар – 20, Прилеп – 14, Радовиш – 12, Дебар – 11, Штип – 10, Ресен и Крива Паланка – по 9, Пробиштип – 7, Велес и Кочани – по 5, Неготино и Валандово – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Виница – по 3, Охрид, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 12.984.