Македонија Денеска 460 нови случаи на ковид од 2.424 тестирања, починати се седум...

Денеска 460 нови случаи на ковид од 2.424 тестирања, починати се седум лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на ковид-19, при што најголем број се регистрирани во Скопје – 185, по што следуваат Прилеп (54) и Битола (45).

Во текот на изминатово деноноќие регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 67г и 83г), 2 починати лица од Битола (66г и 83г), и по едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021 година на возраст од 70 до 88 години. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1).

Денеска се регистрирани и 543 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи заболени од ковид-19 изнесува 8.001.