Македонија Денеска 361 нов случај на ковид-19, регистрирани осум починати лица

Денеска 361 нов случај на ковид-19, регистрирани осум починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се  3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на ковид-19, од кои најголем број на случаи се од Скопје – 166, Прилеп – 44 и Битола – 30.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно починато лице од Куманово (47г).

Воедно, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021 година. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години.

Во изминатите 24 часа регистрирани сe 433 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.620.