Македонија Денеска 318 нови случаи на ковид-19, пријавени се 13 починати лица

Денеска 318 нови случаи на ковид-19, пријавени се 13 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи на ковид-19. Најголем број од случаите се регистрирани во: Скопје – 166, Битола – 24, Велес и Прилеп – по 18. Од вкупниот број на позитивни случаи (318), регистрирани се 43 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: три починати лица од Скопје (73г, 84г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (67г), Охрид (68г), Штип (71г) и Кавадарци (56г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Гевгелија(2), Струга(1), Неготино(1), Прилеп (1) и Велес (1) на возраст од 58 до 85 години во периодот од 11.02. до 05.03.2022 година. Од пријавените починати лица, 2 се починати во болнички услови и  4 лица се починати во домашни услови. Сите починати лица (13), се со регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 468 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.714, бројот на оздравени пациенти е 289.532, на починати е 9.117 а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 2.065.