Македонија Денеска 308 нови случаи на ковид-19, регистрирани осум починати лица

Денеска 308 нови случаи на ковид-19, регистрирани осум починати лица

фото: Mufid Majnun / Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес – по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци – по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Виница – 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар – по 1 нов случај.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 8 починати пациенти: 3 починати лица од Скопје (64г, 67г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Велес (92г), Штип (68г), Охрид (84г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Министерството за здравство соопшти дека согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021. Регистрираното починато лице, на возраст од 86 години, е од Кавадарци. Лицето починало во болнички услови.

Во последните 24 часа се регистрирани 246 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.