Македонија Денеска 298 нови случаи на ковид-19 од 2.831 тестирања, пријавени се 6...

Денеска 298 нови случаи на ковид-19 од 2.831 тестирања, пријавени се 6 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 145, Кавадарци – 23 и Прилеп – 17.

Во текот на изминатово деноноќие регистрирани се шест починати лица: по едно починато лице од Прилеп (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г) и Охрид (55г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително четири лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година на возраст од 77 до 85 години.

Регистрирани сe и 335 оздравени пациенти од ковид-19 во изминатово деноноќие.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.451.