Македонија Денеска 281 новозаболен од ковид-19, пријавени се тројца починати

Денеска 281 новозаболен од ковид-19, пријавени се тројца починати

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на ковид-19. Најголем број од новозаболените лица се регистрирани во: Скопје – 169, Битола – 24 и Кавадарци – 13.

Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (281), регистрирани се 48 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се три починати лица: по едно починато лице од Битола (63г), Охрид (85г) и Крива Паланка (76г). Сите се починати во болнички услови и се со регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 285 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјава се направени вкупно 1.946.588 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лицаод почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а во моментов бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 1.964.