Здравје Денеска 269 нови случаи на ковид-19 од 3.449 тестирања, седум лица починаа

Денеска 269 нови случаи на ковид-19 од 3.449 тестирања, седум лица починаа

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 142, Битола – 17 и Охрид –16.

Во текот на изминатово деноноќие регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (73г и 84г) и по едно починато лице од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени

се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година на возраст од 57 до 93 години. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 57 до 93 години.

Во изминатото деноноќие регистрирани сe 353 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 5.174.