Македонија Денеска 21 новозаболено лице од ковид-19, најмногу активни случаи во Скопје и...

Денеска 21 новозаболено лице од ковид-19, најмногу активни случаи во Скопје и Тетово

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на ковид-19: Скопје – 13, Тетово – 5,  Гостивар,  Струмица и Дебар – по 1.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје –  2, додека не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 265.

Притоа, најмногу активни случаи има во Скопје – 99, по што следува Тетово со 83 и Гостивар со 15 лица кои во моментов се заболени од ковид-19.