Здравје Денеска 201 нов случај на ковид-19, пријавени се пет починати лица

Денеска 201 нов случај на ковид-19, пријавени се пет починати лица

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на ковид-19, при што најголем број од новозаболените се од: Скопје – 111, Битола – 27 и Кавадарци – 19. Од вкупниот број на позитивни случаи (201), регистрирани се 37 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице од Куманово (75г) и Тетово (83г), при што двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Охрид(1), Гостивар (1) и Виница(1), на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (5) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 249 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 1.715.