Македонија Денеска 20 починати лица од ковид-19 и пет лица дополнително пријавени од...

Денеска 20 починати лица од ковид-19 и пет лица дополнително пријавени од претходно

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19: Скопје – 187, Куманово – 34, Велес – 30, Штип – 21, Прилеп – 14, Охрид и Струмица – по 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Кичево – по 8, Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7, Кочани – 6, Виница – 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Кратово – 2, Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатово деноноќие починале 20 лица: 9 починати лица од Скопје (52г, 54г, 54г, 69г, 75г, 80г, 81г, 82г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга (56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Регистрирани сe 397 оздравени пациенти од: Скопје – 195, Куманово – 44, Велес – 20, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Штип – 13, Кочани – 11, Битола и Охрид –  по 10, Кичево и Крива Паланка –  по 7, Кратово – 6, Тетово и Радовиш – по 5, Виница и Валандово – по 4, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 3, Струга, Гевгелија и Неготино – по 2, Гостивар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846, бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 10.785.