Македонија Денеска 2.051 нов случај на ковид – 19, регистрирани се 276 реинфекции...

Денеска 2.051 нов случај на ковид – 19, регистрирани се 276 реинфекции и 7 починати лица

фото: Mufid Majnun / Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени  6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на ковид-19.

Најголем дел од новозаразените се од Скопје – 1.027, потоа од Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 276 реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 7 починати лица: по две починати лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани 747 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.723.835 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, на починати е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498. Најмногу активни случаи има во Скопје – 9.714.