Македонија Денеска 17 починати лица од ковид-19, пријавени и шест починати од претходно

Денеска 17 починати лица од ковид-19, пријавени и шест починати од претходно

Фото: Мета.мк

Во текот на изминативе 24 часа регистрирани се 17 починати лица од ковид-19 во земјава, а пријавени се и шест починати лица од претходно, информираат од Министерството за здравство. Вкупниот број на починати лица од ковид-19 се искачи на 7.390.

Во изминатово деноноќие регистрирани се 4 починати лица од Куманово (62г, 64г, 78г и 93г), 3 починати лица од Прилеп (73г,76г и 79г), по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г), Велес (76г и 80г) и Кавадарци (57г и 71г), и по едно починато лице од Битола (78г), Делчево (41г), Крива Паланка (79г) и Ресен (71г).

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица на возраст од 43 до 97 години со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес(1) и Прилеп (1).

Во изминатите 24 часа направени се 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19. Регистрирани сe и 532 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, бројот на оздравени пациенти е 195.157, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 8.391.