Македонија Денеска 14 починати од ковид-19 и четири лица пријавени од претходно

Денеска 14 починати од ковид-19 и четири лица пријавени од претходно

Фото: Isaac Quesada on Unsplash

Нови 14 лица од земјава починаа од ковид-19 во текот на денешниот ден, а дополнителни четири лица се регистрирани како починати во периодот од 17 до 25 декември, информираат од Министерството за здравство. Со ова, бројката на граѓани што ја изгубија битката со корона вирусот се искачи на 7.935 лица.

„Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 5 починати лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две починати лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно починато лице од Охрид (87г), Куманово (81г),  Свети Николе (71г), Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови“, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатово деноноќие направени се 4.858 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 196, Битола – 31 и Прилеп – 23. Со ова, бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 4.971.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од ковид-19 во изминативе 24 часа. Заклучно со денешниот ден, бројот на оздравени пациенти се искачи на 211.228.