Македонија Денеска 133 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Денеска 133 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 78, Битола – 16 и Велес – 14.

Од вкупниот број позитивни случаи (133), регистрирани се 20 реинфекции на ковид-19.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Kовид-19 од Мој Термин, дополнително, на 8 април, е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 156 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјаvа се направени вкупно 1.999.002 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 801.