Македонија Денеска 130 нови случаи на ковид-19 и 6 починати лица, оздравеа 423...

Денеска 130 нови случаи на ковид-19 и 6 починати лица, оздравеа 423 пациенти

Фото: Photo by Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа биле направени 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 88, Кавадарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар –  1.

Во текот на изминатото деноноќие починале 6 лица: 2 починати лица од Куманово (63г и 68г) и по едно починато лице од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од: Скопје  –  246, Куманово – 65, Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по 9, Тетово – 7, Кавадарци и Кратово –  по 6, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5, Битола, Струга и Гевгелија – по 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132, бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 6.658.