Македонија Денеска 12 починати од ковид-19, како и четири лица пријавено од претходно

Денеска 12 починати од ковид-19, како и четири лица пријавено од претходно

Фото: Isaac Quesada on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле регистрирани 12 починати лица од ковид-19, и тоа шест починати лица се од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две починати лица се од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице е од Битола (67г), Кавадарци  (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г).

Дополнително, во Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година на возраст од 57 до 88 години од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе  (1). Починатите лица се на возраст од 57 до 88 години.

Во изминатово деноноќие направени се 2.740 тестирања, а регистрирани се 327 нови случаи на ковид-19: а најголем број од нив се од: Скопје – 159, Кавадарци – 25 и Прилеп – 24.

Регистрирани сe 325 оздравени пациенти од ковид-19 во изминативе 24 часа.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 5.437.