Македонија Денеска 10 нови лица ја загубија битката со ковид-19, бројката на починати...

Денеска 10 нови лица ја загубија битката со ковид-19, бројката на починати се искачи над 6.700

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.636 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19: Скопје – 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово –  7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5,  Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш  – по 1 .

Во изминатово деноноќие починале 10 лица од ковид-19, и тоа: 2 починати лица од Скопје (78г и 83г), по едно починато лице од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од: Скопје – 138 , Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар  – по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија  – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478, бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 12.149.