Македонија Денеска 1.725 нови случаи на ковид-19, бројот на починати од ковид надмина...

Денеска 1.725 нови случаи на ковид-19, бројот на починати од ковид надмина 8.000

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Рапидно ширење на ковид-19 низ земјава. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на ковид-19. Притоа, најголем дел од случаите се забележани во Скопје – 1.028, а потоа следат Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61 и Куманово – 52.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Заклучно со денес, бројката на граѓани кои ја загубија битката со ковид-19 се искачи на 8.002.

Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од ковид-19 во изминативе 24 часа.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 8.209.