Здравје Денеска 1.348 нови случаи на ковид-19 и 19 починати лица

Денеска 1.348 нови случаи на ковид-19 и 19 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 725, Куманово – 73 и Битола – 67. Од вкупниот број на позитивни случаи (1.348), регистрирани се 196 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г, 81г, 86г, 90г, 92г и 97г), 2 лица од Гостивар (70г и 77г) и по едно лице од Струмица (71г), Велес (80г)и Штип (78г). Од пријавените, 10 лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица меѓу 1 и 9 февруари од: Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 55г до 91г.

Од вкупниот број на починати лица (n=19), две лица се целосно вакцинирани, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти од ковид-19 во изминатово денониќие.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 11.727.