Македонија Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

фото: Влада на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука со којашто денешниот ден, 13 февруари, е прогласен за Ден на жалост во земјава.

Одлуката, како што информираат од Владата, е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и Арапската Република Сирија на 6 февруари 2023 година.

На почетокот од седницата беше оддадена почит за жртвите во земјотресот. Владата изрази длабоко сочувство за загубите, до турскиот народ и до блиските на настраданите.

Државното знаме денеска ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.