Свет Балкан Давутоглу: Имаме докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци од Анкара со ИД или...

Давутоглу: Имаме докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци од Анкара со ИД или ПКК

Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција, денеска изјави дека некои од осомничените за нападот во Анкара, во кој во саботата загинаа 97 луѓе, поминале неколку месеци на боишта во Сирија.

– Имаме извесни докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци со ИД или со ПКК. Дел од осомничените со месеци биле во Сирија – изјави Давутоглу.

Давутоглу рече дека истрага се води и за тоа дали имало разузнавачки и безбедносни пропусти пред двојниот самоубиствен напад во Анкара, извршен во саботата.