Македонија ЦЈЗ ќе ги спроведува протоколите на утрешната прослава на 20-годишнината од Охридскиот...

ЦЈЗ ќе ги спроведува протоколите на утрешната прослава на 20-годишнината од Охридскиот договор

Фото: СЕП

Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи на утрешното одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, рече денеска вицепремиерот и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

„Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели најмалку. Сум контактирал и со министерот за здравство по однос на сите протоколи тука. Вчера контактирав и со директорот на Центарот за јавно здравство докторот, Шабан Мемети, кој што секако ќе ги донесе и сите потребни луѓе коишто ќе ги спроведат протоколите предвидени за утрешниот настан“, изјави Груби, пред проекцијата на документарниот филм „Охрид и потоа“ во организација на Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“ и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.