Хроника Четворица осомничени за тешка кражба во Битола, меѓу нив и еден малолетник

Четворица осомничени за тешка кражба во Битола, меѓу нив и еден малолетник

Битолската полиција поднела кривична пријава против 20-годишниот С.Б. од Прилеп, 14-годишен малолетник, К.Д.Р. (24) од Битола и уште едно, засега непознато лице, кои се товарат за тешка кражба.

Како што информираат од полицијата, осомничените, ноќта меѓу 9 и 10 август оваа година, провалиле во куќа на улицата Сремска Митровица во Битола и украле пари, златен и сребрен накит, во вкупна вредност од 480.000 денари или околу 7.800 евра.