Свет Европа Четиринаесет лица загинаа во автобуска несреќа во Турција

Четиринаесет лица загинаа во автобуска несреќа во Турција

Четиринаесет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени при несреќа на училишен автобус во Османие, Јужна Турција.

Турските медиуми соопштуваат дека шест од загинатите се ученици.

Автобусот, кој превезувал ученици, наставници и родители на децата на екскурзија, по пат на враќање паднал во канал за наводнување.

При спасувачките операции пронајдени се 14 тела.

Се смета дека возачот на автобусот е, исто така, меѓу жртвите на сообраќајната несреќа.

Дваесет и шест лица се повредени во несреќата, од кои четворица се во критична состојба.