Економија Четири општини на jугот ќе добиваат гас преку грчкиот гасовод

Четири општини на jугот ќе добиваат гас преку грчкиот гасовод

Општините Гевгелија и Богданци се вклучени во проектот „Интерконективен гасовод МК-ГР“ што значи дека ќе бидат вклучени во јужниот крак од грчкиот гасовод, кој ќе минува низ овие две општини.

Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, информираше дека на гасоводната линија од соседна Грција, покрај Гевгелија и Богданци, ќе се приклучат уште и општините Демир Капија и Неготино.

– Со проектот ќе биде проектирана и изградена примарната гасоводна мрежа, која предвидува внесување на гасот од Грција и негово транзитирање до мерните регулаторни станици на секоја од четирите општини,а наша обврска потоа ќе биде да ја проектираме и реализираме секундарната гасоводна мрежа – рече Поцков.

Изработка на проектните документи и првичната студија кои се обврска на „Македонски енергетски ресури“ (МЕР), а финансиските средства веќе се обезбедени преку Европската инвестициска банка.

За потребите на студијата, која треба да биде готова до крајот на јануари, општините треба да ги обезбедат сите релевантни податоци, а целата проектна документација треба да биде готова до пролет 2020 година по што веднаш ќе почне реализацијата на проектот.