Свет Европа Четири лица загинаа во судир на два патнички воза во Германија

Четири лица загинаа во судир на два патнички воза во Германија

Најмалку четири лица загинале, а околу 150 се повредени денеска, при судир на два патнички воза во германскиот град Бад Ајблинг во Баварија, јавуваат германските медиуми.

Од силината на ударот, еден од возовите излегол од шини, соопштила полицијата. Како што пренесуваат германските медиуми, биле превртени неколку вагони.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на информации добиени од полицијата, објави дека околу 100 лица се повредени во несреќата, а повеќе од нив добиле сериозни повреди.

Портпаролот на полицијата соопштил дека возовите се судриле меѓу локалните железнички станици Холкирхем и Розенхајм.

На местото на несреќата се наоѓаат осум медицински хеликоптери и возила на брза помош.