Свет Свет Четири болници се целосно разурнати во бомбардирањата на Алепо

Четири болници се целосно разурнати во бомбардирањата на Алепо

Болницата „Омар бин Абдул Азиз“ во источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниците, целосно е уништена при бомбардирање, јавуваат светските медиуми.

Засега нема податоци за жртви на тој напад, лекарите ја напуштале болницата, а во тој хаос ги изнесувале и пациентите кои биле приклучени на апарати.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека четири болници се целосно разурнати, меѓу кои и една детска болница.

За нападот, САД и ОН ги критикуваа сириската влада и Русија, кои се обвинети дека погодуваат цивилни мети.