Свет Европа Чешката полиција врши евакуација во повеќе градови

Чешката полиција врши евакуација во повеќе градови

Припадници на чешката полицијата во поголем број се распоредени во десетина градови во земјата, вклучувајќи ги главните железнички станици и административните седишта во Прага, Прадубицам и во Плзен, по дојава за бомба која, според повикувачот, ќе експлодира попладне.

Полицијата евакуирала вработени и граѓани, кои по работа дошле во градската управа.

Возовите не возат до главната железничка станица во Прага, туку се насочуваат кон приградските железнички станици.