Економија Цената на нафтата на светските берзи падна на најниско ниво до 14...

Цената на нафтата на светските берзи падна на најниско ниво до 14 јануари досега

Photo by Zbynek Burival on Unsplash

Цените на нафтата на светските берзи втор ден по ред паѓаат, поради стравот за пониска побарувачка на гориво во рамки на глобална рецесија предизвикан од пораст на каматните стапки во светот и порастот на вредноста на американскиот долар, извести Ројтерс.

Сировата нафта за идна испорака (ноември) падна за 1,35 американски долари, односно 1,57 отсто на 84,8 долари за барел. Цената пак за големи договори за истиот „фјучер“, односно за испорака во јануари падна на 84,51 долари за барел, пренесува Ројтерс.

Самиот индекс на американскиот долар (мерење на вредноста на доларот наспроти група на неколку други главни валути), пак, денеска се искачи на највисоката вредност во последните 20 години.

Растот на вредноста на доларот на САД вообичаено ја намалува побарувачката за нафта што се вреднува во долари, оти купувачите што користат други валути ќе треба да потрошат повеќе, што раѓа сомневања за понатамошен пад на глобалната економија, објаснува Ројтерс.