Македонија Булеварот „В.С Бато“ во Тетово уште не е завршен, но граѓаните го...

Булеварот „В.С Бато“ во Тетово уште не е завршен, но граѓаните го користат

Булеварот Видое Смилевски - Бато во Тетово на крајот на јануари 2021 година. Фото: Порталб.мк

Проектот за булеварот „Видео Смилевски – Бато“ во Тетово, за кој парите беа обезбедени во август 2019 година, иако започна да се користи, сè уште не е завршен и не може официјално да се пушти во употреба. Покрај осветлувањето, на овој булевар се очекува да бидат изградени тротоари и зелена површина, а тој, пак, да биде продолжен до населбата „Дреновец“, пишува Порталб.мк.

Овој булевар е една од главните сообраќајни артерии за преоптоварениот сообраќај во Тетово, и пред повеќе од еден месец почна да се користи од граѓаните, коловозот е изграден.

Од Општина Тетово за Порталб.мк истакнаа дека работите за целосно завршување на овој проект сè уште траат – станува збор уште за изградба на тротоари од двете страни на патот и зелена површина со широчина од три метри.

„Градежните работи на булеварот „Индустриска“ се финансираат преку Министерството за финансии и Светска банка, вкупно 990.000 евра. Со завршувањето на овој булевар очекуваме да го олесниме сообраќајот во градот, што подразбира и намалување на факторите кои влијаат на загадувањето на воздухот. Работата на тротоарите и изградба на зелена површина, ќе се одвива во согласност со климатските услови. Завршувањето на оваа фаза се очекува да биде многу скоро, а потоа булеварот ќе биде пуштен целосно во употреба“, рекоа од Општина Тетово.

Инаку, според општината, булеварот Видое Смилевски-Бато е важен за сообраќајот во Тетово, бидејќи обезбедува врски помеѓу три важни патишта од и кон Тетово. Овој булевар ги поврзува патот за Скопје, Гостивар и Јажинце.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вети дека овој булевар ќе биде продолжен до населбата „Дреновец“ што се наоѓа кај градскиот стадион. Општинските власти истакнаа дека проектот е подготвен и дека работата ќе започне наскоро.

„За продолжување на булеварот до населбата„ Дреновец“подготвен е проект, теренските работи ќе започнат во следниот период“, велат од Општина Тетово.

Новинарот на Порталб.мк на 27 јануари беше на терен, и булеварот изгледаше вака:

Булеварот Видое Смилевски – Бато во Тетово на крајот на јануари 2021 година. Фото: Порталб.мк
Булеварот Видое Смилевски – Бато во Тетово на крајот на јануари 2021 година. Фото: Порталб.мк

Што е предвидено со овој проект?
• Две ленти широки по 7м;
• Тротоари широки по 2,5 м од обете страни на патот;
• Зелена површина со ширина од 3м.
• Водоводна линија Д 100 мм, со должина од 644,20 м, поврзана со постојната градска мрежа;
• Колектор на атмосферски води Д 450 мм, интегриран со постојните линии, со вкупна должина од 623,25 м;
• Улично осветлување со 26 столбови со висина од 12м инсталирани во зелената површина.