Свет Балкан Бугарија протера двајца руски дипломати поради шпионажа на нејзината армија

Бугарија протера двајца руски дипломати поради шпионажа на нејзината армија

Министерство за надворешни работи во Софија, Бугарија / Фото: Wikimedia Commons

Бугарското министерство за надворешни работи протера двајца руски дипломати за кои обвинителите се сомневаат дека биле вмешани во шпионирање, давајќи им 72 часа да ја напуштат земјата.

Двајцата дипломати барале класифицирани информации за плановите за модернизација на армијата и за одржување на воената опрема од 2016 година и имале за цел информациите да ги пренесат на странска држава или странска организација.

Од амбасадата на Русија во Софија, која е известена за случајот, велат дека иако добиле известување за дипломатите, не добиле никаков доказ дека двајцата постапиле на начин некомпатибилен со нивниот официјален статус, но дека дипломатите ќе ја напуштат Бугарија во предвидениот временски рок.

Бугарија, членка на Европската Унија и НАТО, која вообичаено одржува добри врски со Русија, протера уште тројца руски дипломати поради обвинувања за шпионажа од октомври минатата година.