Свет Бројот на жртви во бомбашкиот напад во Багдад достигна 250

Бројот на жртви во бомбашкиот напад во Багдад достигна 250

Бројот на загинатите во бомбашкиот напад во Багдад се зголеми на 250 лица, соопшти ирачката влада, со што тој напад стана најсмртоносен од инвазијата на војската на САД во 2003 година.

Камион полн со експлозив е активиран во област во која семејства купувале по повод крајот на рамазанскиот пост.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, а според претходните процени, бројот на убиени бил 165 лица.

Во нападот повредени се и неколку десетици лица, а поголемиот дел од нив се пуштени од болница, наведуваат од министерството за здравство, додавајќи дека тешко болните се пратени во странство на лекување.

Нападот на шиитските муслимани се случи на само неколку недели откако ирачките сили ја презедоа Фалуџа од ИД, која беше нивно упориште.

Ирачката влада жестоко беше критикувана во текот на изминатите недели, а премиерот Ал Абади се соочи со бесна група на луѓе кога го посети местото на нападот.

Министерот за надворешни работи, Мохамед Габан, поднесе оставка, која сè уште не е прифатена.